05:20 - 3 април, 2026

Во Македонија ќе се одржи Светското првенство во латино танци, ќе има претставници од над 20 земји

Македонија е домаќин на Светското првенство во латино танци, кое ќе се оддржи од 6 до 11 ноември во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

Светското првенство во латино танци ќе биде прво од оваа категорија, која ќе се организира кај нас и прогнозите се дека ќе учествуваат повеќе од 20 земји и над 1000 учесници, кои ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини.

Организатори на првенството се танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“.

Овие две танцови студија во минатото имаат организирано низа европски и светски првенства под палката на Интернационалната танцова организација, преку кои се промовира нашата држава во најдобро светло.

Првото првенство организирано од страна на танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“ беше Европското првенство во Street dance show во 2018 година. Во 2021 година го организираа Европското првенство во модерен и класичен балет, а  во 2022 и 2023 година беа домаќини на Европското првенство во хип-хоп танци.

Поради добрата организација на овие првенства, Интернационалната танцова организација им ја додели довербата на танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“ да го организираат и Светското првенство во латино танци оваа година, но и Светското првенство во хип-хоп 2024.

Овие постигнувања ни докажуваат дека Македонија има потенцијал да организира првенства од светски и европски размери.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....