7.8 C
Скопје
23:45 - 30 март, 2026

Во чест и сеќавање на починатиот Енди Флечер „Депеш мод“ објави нов албум

Британскиот синт-поп бенд „Депеш мод“ денеска ќе го објави новиот, 15-ти студиски албум „Memento Mori“, наслов избран уште пред смртта на еден од основачите на групата – клавијатуристот Енди Флечер.

– Смртта на Флечер на некој начин само потврди дека албумот треба да се вика така. Иако мислевме дека е добар наслов, сега мислиме и дека е фер да го наречеме така, изјави гитаристот Мартин Гор.

Познатиот Флеч почина на 60-годишна возраст во мај 2022 година, од ретка васкуларна болест. Иако некои го сметаат за спореден музичар во составот, тој беше врската меѓу двајцата лидери на бендот – Гор и пејачот Дејв Геан, кои „никогаш не биле најдобри пријатели на светот“, пишуваат британските медиуми.

– Флеч беше тој што доаѓаше да ми каже – Мартин не сака ова или она. Сега тој веќе не е со нас, па јас и Мартин мораме да разговараме. Моравме повторно да комуницираме и тоа го одбележа албумот!, изјави Геан неодамна за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Depeche Mode (@depechemode)

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....