11.8 C
Скопје
10:45 - 14 март, 2026

Викторија Бекам донесе конечна одлука – нема да оди на турнеја со Spice Girls, имала поважна работа

Викторија Бекам ги разочара  Spice Girls со тоа што реши да не се појави на концертот во Гластонбери планиран за следната година по повод 30-годишнината на бендот, а „спајсиците“ требаше да бидат главни ѕвезди на музичкиот фестивал.

The Sun објави дека сите пет девојки повторно ќе се соберат на годишнината, но извор близок до 49-годишната Викторија во неделата изјави дека славната Posh Spice сака да се концентрира на својот бизнис и нејзиниот моден бренд, и поради тоа нема да се приклучи на турнејата на бендот и покрај постојаните барања.

Сепак, таа не исклучи друга можност за „славенички настап“, но тоа не значи дека и таа ќе пее. Како што е познато, таа треба да учествува во документарен филм кој ќе ја раскажува приказната за подемот на бендот и ќе содржи интервјуа и досега невиден материјал од нивните лични архиви. Филмот ќе го режира Џеј Џеј Абрамс, режисерот на „Ѕвездени патеки“ и „Војна на ѕвездите“, а за правата веќе се борат Нетфликс и Епл ТВ.

 

Слични објави

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо
Се вчитува....