02:52 - 6 април, 2026

(Видео) Стојне Николова се расплака среде емисија и едвај проговори, загубата на овој човек ја скрши

Со солзи во очите, Стојне Николова проговори за својата голема животна загуба која ѝ се случила кога била многу млада.

Станува збор за нејзиниот татко, кого Стојне го загубила кога имала само 16 години.

„Јас мислам дека тој би се гордеел со мене и со моите браќа“, рече познатата фолк пејачка во емисијата „Животна приказна“, а потоа се расплака и не можеше да продолжи подолго време.

Во најавата на оваа емисија, Стојне зборува дали би ја сменила својата професија поради партнер и рече дека за многу работи ѝ е криво.

Фото / Инстаграм

– Еден ден требаше да ме носи на настап. Се случи тоа што се случи. Дојде дома и само рече дека му е лошо и тука пред нас падна од креветот и толку беше. Го однесовме во болница, но таму ништо не можеше да се направи. Мозочен удар како гром од ведро небо – рече Стојне претходно во поткастот на Стефан Лазаров.

– Татко ми беше најважниот човек во мојот живот. Мојот идол, човекот кој живееше за мене, живееше за моите браќа. Едноставно, беше многу среќен што јас влегувам во музичките води – додаде пејачката.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....