13.8 C
Скопје
19:40 - 4 октомври, 2026

(Видео) Српска јутјуберка се породи дома, сопругот цело време бил покрај неа: Снимката стана хит на интернет

Познатиот српски јутјубер Никола Стојаковиќ, познат како ИксСтојак (xStojak), по вторпат стана татко. Неговата сопруга Јелена, која исто така е јутјуберка, се породила во домашни услови, а снимките од овој посебен момент предизвикаа големо внимание на интернет.

Веста за нивните следбеници била целосно неочекувана, а јавноста особено реагирала на начинот на кој Никола ја поддржал сопругата во текот на породувањето.

Неговата посветеност и фактот дека одлучиле породувањето да го реализираат дома предизвикале илјадници коментари на платформите Јутјуб и Инстаграм, а големо внимание добиле и на ТикТок, каде Никола има повеќе од еден милион следбеници.

По раѓањето на синот, кому му го дале името Видaк, Јелена јавно му се заблагодарила на сопругот за поддршката и признала дека многу ѝ значело што тој цело време бил покрај неа.

„Домашното породување“, како што тие го нарекле видеото, за само еден ден било погледнато од речиси половина милион луѓе, а бројката продолжува да расте.

Коментарите под видеото биле преполни со пофалби за однесувањето на Никола и начинот на кој бил покрај сопругата во текот на целиот процес.

„Каков човек си, ретко кој маж би поминал низ сето ова со својата сопруга. Достоен си да се наречеш татко, а пред сѐ и маж. Шампион! Секоја чест!“, гласи еден од првите коментари под снимката.

„На секоја жена би ѝ посакал ваков сопруг како тебе, но за жал такви има малку.“

Со честитките се придружиле и многу мажи, кои порачале дека со нетрпение го очекуваат и следното видео со малиот Видaк.

Слични објави

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....