12.8 C
Скопје
18:17 - 15 март, 2026

(Видео) Спектакл во најава: Бед Бани ќе настапи на полувремето на Супербол 2026

Латино пејачот Бед Бани, добитник на три награди Греми и еден од најголемите светски претставници на музиката на шпански јазик, ќе биде главниот изведувач на полувремето на Супербол во февруари 2026 година, објави Националната фудбалска лига.

Супербол е најгледаната телевизиска програма во Америка, а минатата година повеќе од 130 милиони луѓе го следеа настапот на Кендрик Ламар. Големото финале оваа сезона ќе се одржи на 8 февруари 2026 година на стадионот „Ливајс“ во Санта Клара, Калифорнија, во близина на Сан Франциско.

„Она што го чувствувам е многу повеќе. Тоа е за сите што беа пред мене и претрчаа безброј препреки за јас да постигнам погодок… ова е за мојот народ, за мојата култура и нашата историја. Кажете ѝ на вашата баба дека ние ќе бидеме на полувреме на Супербол“, изјави Бед Бани.

Вистинското име на пејачот е Бенито Антонио Мартинес Окасио. Роден е во Порторико, а светска слава стекна со песни како „MIA“, „I Like It“, „Me Porto Bonito“ и „Dákiti“.

Бед Бани има десет номинации за музичката награда Греми и три освоени награди – за најдобар албум во категоријата музика урбана со „Un Verano Sin Ti“ и „El Último Tour del Mundo“, како и за најдобар латино поп или урбан албум со „YHLQMDLG“. Освоил и 12 награди латино Греми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benito Antonio (@badbunnypr)

Слични објави

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо
Се вчитува....