3.8 C
Скопје
23:41 - 20 декември, 2024

(Видео) Се сретнале во Јахорина, тој од Скопје, таа од Москва: Компас бенд сними песна според вистинска љубовна приказна

За нив велат дека се мајстори на занаетот, едни од најдобрите во нашата земја кога се во прашање живите настапи, а најдобар доказ за тоа е нивната многубројна публика секаде каде настапуваат.

Компас бенд, музички бренд кој со години успешно опстојува на пазарот, на чело со Љупчо Ваневски – Бубе, Ивана Ѓеоргиевка и Мишо Стојановски.

Со оглед на нивните многубројни ангажмани наназад низ годините, малку како да ја запоставија авторската музика, но една вистинска животна приказна раскажана од татко му на Бубе ги натера да влезат во студио и да работат на нова песна.

„Едноставно така ми дојде идејата. Посебно ги сакам песните кои имаат некаква приказна позади себе, односно оние што се создадени според некаква вистинска приказна“ – вели Бубе.

Тие целосно довербата му ја доверија на композиторот Зоран Рудан – Цеки, кој пак во музика и текст ја преточи вистинската љубовна приказна. Песната носи  наслов „Дјевушка“ и се пее на руско-македонски јазик.

Сигурно многумина ќе прашаат зошто се пее и на руски јазик во песната, но и тоа како има добра причина за тоа.

Имено, се работи за преубава Русинка по име Катерина, со која таткото на Бубе бил во кратка љубовна врска во неговата младост.

„Цеки ми е доста добар пријател со кого се дружиме долги години. Во една наша дружба му раскажав за Катерина од Москва, која татко ми ја запознал во неговата младост кога бил на зимување во Јахорина. Така всушност и се создаде оваа песна. Тоа било кратка зимска авантура која траела само две недели. Катерина била дојдена со нејзините родители, а татко ми бил со неговите другари од Скопје. Според кажувањата на татко ми, тоа биле преубави моменти, едноставно било љубов на прв поглед. Сепак, тоа траело само десетина дена, Катерина се вратила во Русија, а татко ми во Скопје. Уште година дена после тоа се допишувале преку писма, но никогаш повторно не се виделе… Но, татко ми честопати знаеше да се присети на тие моменти од неговиот живот. Очигледно таа Катерина му оставила голем впечаток“ – раскажа Бубе од „Компас бенд“.

За оваа нова песна „Компас бенд“ сними и видеоспот на преубавиот Пелистер, каде покрај Бубе, Ивана и Мишо се појавуваат уште неколкумина актери.

Инаку ова е само најава за она што допрва следува од „Компас бенд“. Тие ветуваат дека периодов ќе бидат доста активни кога се работи за издавање на авторска музика, а живите настапи ширум нашата земја ќе продолжат со ист интезитет како и до сега.

Слушнете и уживајте во нивната „Дјевушка“:

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....