15:11 - 8 април, 2026

(ВИДЕО) РОД СТЈУАРД ги завитка ракавите и три дена ги „крпи“ дупките на улицата: „Луѓето си ги кршат автомобилите!, а администрацијата на Џонсон ништо не прави“

Британскиот рокер Род Стјуарт на своите социјални мрежи го привлече вниманието на лошата состојба на улицата во близина на неговата куќа во Есекс (Англија). И така, самиот – заедно со некои соседи – се нафатил да го поправа патот.

На две видеа, објавени на неговиот Инстаграм профил, 77-годишниот музичар се појавува облечен во заштитен елек, додека со лопата во рака зема асфалт од камионот за да ги пополни дупките на улицата.

„Ваква е состојбата на улиците во близина на местото каде што живеам во Харлоу и вака е долго време… луѓето си ги кршат автомобилите“, рече Род Стјуарт на снимката. Дополнително тој објаснува дека администрацијата на Борис Џонсон ја запоставила оваа рута со инвестирање во друг автопат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sir Rod Stewart (@sirrodstewart)

„Пред некој ден на брзата помош и пукна гумата. Моето Ферари никако не може да помине оттука. Па така јас и момците помисливме да дојдеме тука и сами да го направиме тоа“, објасни музичарот, кој работи веќе три дена на поправките на оваа улица.

Слични објави

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо
Се вчитува....