08:39 - 6 април, 2026

(Видео) Пет години без морскиот волк: Вака Сплит се прости од легендарниот Оливер Драгојевиќ

Поминаа точно пет години откако познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ последен пат ги затвори очите по битката со тешката болест.

Во Хрватска се во тек Деновите на сеќавање на музичката легенда.

Сплит и Далмација беа обединети во тагата и гордоста, и два дена по смртта на Оливер, на свој начин му оддадоа последна почит на легендарниот пејач.

Моментот кога катамаранот се одвои од копното беше момент кога и небото беше во пламен, а морето полно со чамци плачеше по својот капетан.

Почит на Оливер му оддадоа и пилотите на три авиони кои летаа над Сплит за време на последното испраќање, а на еден од нив беше и сплитскиот фотограф Еди Мештровиќ.

Што сними од височина, погледнете во спектакуларното видео:

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.
Се вчитува....