23:16 - 14 јануари, 2026

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

Коки Јанков конечно откри во каков однос е со поранешната сопруга Росана Петревска, со која се разведе во 2018 и ја имаат ќерката Лара.

-Па, не е тоа некој добар однос. Не можам да кажам дека е добар. Ама има односи во кои луѓето се добри. Тоа не зависи само од мене или само од спротивната страна. Тоа зависи и од двајцата. Ако треба да кажам да или не, ако имам опција, јас ќе кажам не. Ама сега, што да правиме, може утре ќе се смени, може не-  рече виолинистот во „Кафе муабети“ за „Гламур ТВ“.

Коки раскажа и за сите животни трагедии кои ги преживеал, а рече и дека неговата ќерка сега живее со него.

-На кој начин јас сето тоа сум го преживеал. Дуле го нема, татко ми, мојот професор, развод, сум останувал така, буквално седам на улица со некои црни вреќи или куфери, короната дојде, се нема…

Сум имал среќа да бидам во некој круг, некои луѓе ми кажаа некои многу добри работи, не како јас да правам, туку на кого да се потпрам. Сега сум појак и сега сето тоа е за добро. Среќен сум што ја гледам мајка ми.

Со ќерка ми веќе живееме втора година заедно во Штип, медицина учи, и таа е како мене со куферчето. Не можев да сонувам дека после сите катаклизми, јас и ќерка ми секоја вечее ќе си легнеме, ќе се смееме, ќе се поздравиме, таа во детска, јас во спална. Нека биде ова охрабрување за луѓето кои поминале низ истото- рече музичарот. 

 

Слични објави

(Фото) Луѓето шокирани од најновата објава на Колинда: „Како девојка 20 години помлада“!

Еспресо

„Не знам како да се носам со болката“: Огласувањето на Ана Бекута по скандалот во Чачак

apostolova

Сека Алексиќ жестоко за нападот врз Ана Бекута во Чачак: „Многу ми е жал, таа нема ниедна дамка во кариерата“

Еспресо

Поранешниот сопруг на Марија Микиќ го „запали“ интернетот: Се соблече и го покажа мокрото тело

E.A.

(Фото) Еден посебен детаљ ги разнежи гостите на првиот роденден на Лена, ќерката на Павле и Ирина Камилоски

Еспресо

Брутални фотографии од сауна: „Моделот на Бугарија“ ја „крена температурата“ во центарот на Софија

E.A.
Се вчитува....