05:31 - 6 април, 2026

(Видео) Лозано раскажа лична семејна приказна

Влатко Лозаноски раскажа лична семејна приказна за синот Марко и за него. Пејачот кој е инаку воздржан за приватниот живот, се отвори овојпат.

– Откако се роди Марко, можеби некако е подруг Влатко. Јас сум цело време со него, се дружам со него генерално, и некако ми е, можам да кажам поубав и подобар животот – рече пејачот во најавата која ја објави „Бекстејџ“.

Марко, синот на Влатко Лозаноски- Лозано во октомври наполни една година, а пејачот објави фотографии од крштевката и фотографии од претходниот период.

Пејачот претходно не објавуваше фотографии од синчето, но сега сподели фотографии од еден посебен ден, неговиот роденден и крштевка.

– (18.10) Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен – напиша пејачот.

Досега, неколку фотографии од синот објави неговата сопруга Сава Грачанин, која е поранешна Мис, од моменти како ужива со Марко во прошетките и на одмор. Лозано инаку ќе одржи концерт во Скопје на 7 март следната година во Арената „Борис Трајковски“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....