5.8 C
Скопје
01:12 - 21 февруари, 2026

(Видео) Лепа Брена со солзи запеа во родното Брчко: „Тука можам да бидам најискрена…“

Завчера вечер, во родното Брчко, Лепа Брена направи концерт кој беше особено емотивен за пејачката. Во родниот град ја дочекаа над 6.000 луѓе, што е рекордна посетеност за Брчко. Пејачката во текот на целиот концерт беше на работ на солзи и постојано ѝ се обраќаше на публиката велејќи им колку и значи нивната поддршка.

– Овде сум родена, пораснав, тука одев на училиште, тука можам да бидам најискрена и да ви кажам дека работам веќе 43 години. Од годините не бегам. Дозволете ми да ви кажам дека цело време сум на работ на солзи и дека сум горда на мојот тим без кој оваа турнеја не би била тоа што е. Се обидовме да ви приредиме шоу и мислам дека успеавме -рече Брена.

Најголема поддршка во Брчко ѝ пружи сестра ѝ Факета. Таа со семејството дошла од Канада специјално за концертот во нивниот роден град.

Гости на концертот, на големо задоволство на публиката, беа Шериф Коњевиќ и познатите ѕвезди на „Гранда“ Стеван Анѓелковиќ и Марко Гачиќ. Посебно внимание привлече визуелното, во кое публиката на нов начин виде делови од култни филмови и стари видеа на најголемата ѕвезда на поранешна Југославија.

Пејачката се заблагодари на сите членови на тимот и на бендот. Посебно емотивен момент беше благодарноста до нејзиниот син Виктор, кој го предводи продуцентскиот тим на турнејата. Виктор и продукцискиот тим добија громогласен аплауз. На лицето на пејачката имаше солзи, но солзи радосници. Потоа уште еднаш им се заблагодари на сите членови на семејството и го најави следниот концерт во рамки на турнејата „Имам песна да ти пеам“, кој ќе се одржи на 16 ноември во Тузла во салата Мајдан.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....