Поранешната мис на Хрватска, Лејла Филиповиќ, го прослави својот 50. роденден на гламурозна забава во друштво на сопругот Тарик Филиповиќ, блиски пријатели и бројни познати личности, а на прославата ѝ запеа и Петар Грашо.

Лејла на роденденската прослава носела кратка свечена тоалета без прерамки, целосно прекриена со светкави лушпички и светки во сребрени нијанси кои ја рефлектирале светлината. Горниот дел бил украсен со елегантно обликувано деколте во форма на буквата „В“, изработено од мазен сатенски материјал.
View this post on Instagram
Целиот изглед го надополнила со благо брановидна коса и елегантна шминка со нагласени очи и розов сјај на усните.
На забавата присуствувале бројни познати лица, меѓу кои сопругот на Лејла, Тарик Филиповиќ, но и Дарија Лоренци, Нина Бадриќ, Викторија Раѓа, Јошко Локас и Петар Грашо.
Токму Грашо бил задолжен за еден од најемотивните моменти на вечерта. Тој ја отпеал својата песна „Ако те питају“, а Лејла и Тарик, прегрнати, заиграле додека траел настапот.
Роденденската атмосфера била надополнета со посебни украси и фотографии од Лејла, поставени во просторот каде што се одржувала прославата.
На дел од декорациите биле испишани пораки како: „Еднаш мис, засекогаш дама“, „Не е до фустанот, никогаш ни не било“ и „Круната се носеше еднаш. Стилот се носи засекогаш“.
Лејла го одбележала јубилејот и со дување свеќички на роденденската торта, која била украсена со малини.
Фотографии и видеа од прославата споделиле таа, но и нејзините сопруг и пријатели на социјалните мрежи.
Тарик претходно ѝ го честитал роденденот со емотивна порака што ја објавил на социјалните мрежи.
„Ти благодарам што го разубавуваш овој свет со својата душа… со погледот… со насмевката… со достоинството… со убавината… и се надевам дека истиот тој свет е благодарен што го правиш почудесен веќе половина век… А јас сум пресреќен што сум голем дел од твојот живот… Среќен роденден, љубов моја… само биди здрава и насмеана… останатото веќе го живееме“, ѝ порача тој.
Лејла Филиповиќ со години е присутна во јавноста, а покрај манекенската кариера, позната е и по бракот со актерот и телевизиски водител Тарик Филиповиќ.
