21.8 C
Скопје
18:09 - 5 април, 2026

(Видео) Јелена Карлеуша отворено за лични прашања: „Луѓето станаа одвратни“

Јелена Карлеуша синоќа гостуваше во емисијата „Хит твит“ на српска ТВ Пинк, а покрај неа гостуваа и Миломир Мариќ и Драган Ј.Вучиќевиќ.

Карлеуша и овојпат привлече големо внимание со својот стајлинг, а за нејзиниот моден избор веќе се зборува.

Пејачката се одлучи за црн проѕирен фустан од тантела, а судејќи според квалитетот на материјалот и совршениот крој, веруваме дека прилично скапо го купила.

Токму нејзиниот стајлинг во еден момент стана главна тема во емисијата.

Во емисијата Јелена објасни зошто го напуштила Твитер – бидејќи според неа, тоа е легло на идиоти и кретени полни со омраза кон неа, но и кон други.

„Морничаво е какви луѓе имаат денес пристап до интернет и што се пишуваат. Бедни се всушност. Бедни без своите животи“ – вели Јелена.

Потоа се осврна на „линчот“ кој го диживеала во мај годинава.

Објасни дека тоа било напад на неа и на нејзиното семејство само поради нејзиното мислење кое јавно го искажала.

„Тие мене ме личнуваа само затоа што јас го изнесов своето мислење дека претседателот на државата не е виновен за убавивање на деца во училиштата“ – рече Јелена и додаде дека добивала прозивки од типот „сендвичара“. „Луѓето станаа…одвратни“ – заклучи Карлеуша.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....