11.8 C
Скопје
18:05 - 23 март, 2026

(Видео) И раперот Дрејк го гаѓаа со телефон на концерт, како да се заштитат пејачите од агресивните во публиката?

Неодамна пејачката Бебе Реџа беше удрена со телефон во глава среде настап на концерт, а сега тоа му се случи и на раперот Дрејк кој имаше поголема среќа од неговата колешка.

Мобилниот телефон со кој беше гаѓан пејачот на концерт го удри по рака. Тој погледна кон телефонот кој падна зад бината и продолжи да пее.

Снимката од концертот и моментот кога Дрејк беше погоден во раката може да ја погледнете на следниов линк.

Во последно време се води дебата и има многу реакции на Твитер поради агресивните посетители на концертите на кои сите одат да се забавуваат и никому не му е јасно зошто поединци фрлаат кон пејачите, свесни дека може да предизвикаат сериозни повреди.

Се чини дека пејачката Адел најде оригинално решение – по повредата што ја доби Бебе Реџа на настапот поради телефонот кој ја удри во пределот на очите, на сцената на својот концерт Адел неодамна излезе со голем „пиштол“.

„Дали забележавте како луѓето заборавија како да се однесуваат на концертите? Луѓето фрлаат работи на сцената на изведувачите“, рече Адел и се насмеа.

Таа се шегуваше со публиката, но истовремено испрати јасна порака дека некои навистина заборавиле како треба да се однесуваат на концертите, настрана што станува збор за многу опасна појава.

Слични објави

Ќерката на Кнез е бремена: Ксенија Кнежевиќ очекува бебе со бизнисмен, планираат голема свадба

Еспресо

(Фото) Ова е новото момче на ќерката на Харис Џиновиќ: Ѓина „уловена“ во Барселона, прошета во мини здолниште

Еспресо

Почина ѕвездата на сериите „Натприродно“ и „Јас зомби“ на 51 година од рак на дојка

Еспресо

(Фото) Ден низ неговите очи: Ивона Јо на романтично патување со сопругот

Еспресо

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо
Се вчитува....