04:02 - 3 април, 2026

(Видео) Харисон Форд ги растажи обожавателите со речиси беспомошен изглед: „Срцето ми се кине кога го гледам толку слаб“

82-годишниот американски актер Харисон Форд предизвика вознемиреност меѓу обожавателите по неговото неодамнешно појавување на Дизни D23 Expo каде што ја доби наградата Дизни Леџенд, пишува Дејли Мејл.

Ѕвездата на филмот „Индијана Џонс“ доби престижна награда во стилот на „Куќата на славните“, со која се признава неговиот значаен придонес за Лукасфилм, подружница на Дизни.

Легендарните улоги на Харисон, особено како Хан Соло од „Војна на ѕвездите“ и авантуристичкиот археолог Индијана Џонс, го етаблираа како една од најпознатите фигури на студиото.

За време на церемонијата, Форд оставил отпечатоци од рацете на цементот, а фановите забележале дека му било тешко да се потпише.

„Изгледа лошо“, напиша еден обожавател, а друг додава: „Му честитам, но срцето ми се кине кога го гледам толку слаб“.

„Тешко е да се види како моето момче старее“, забележа друг обовател.

82-годишниот актер додека се потпишувал дури со едната рака ја држел другата, помагајќи си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Upsocl Icons (@upso.icons)

Кога Форд излезе на сцената за да ја прими наградата од извршниот директор на Дизни, Боб Ајгер, на настанот, тој ја изрази својата искрена благодарност до своите обожаватели.

„Ми се допаѓа животот што ми го дадовте“, рече тој на публиката.

 

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....