20:00 - 7 април, 2026

(Видео) Два дена пред смртта Лиза Мари Присли се расплака на Златен глобус: „Ви благодарам што ги отворивте вашите срца и што ги споделивте спомените“

Само два дена пред ненадејната смрт, ќерката на легендарниот Елвис Присли, Лиза Мари Присли (54) беше на доделувањето на наградите Златен глобус и се расплака додека Остин Батлер, актерот кој го играше нејзиниот татко во филмот „Елвис“, одржа говор.

Батлер го доби Златниот глобус за најдобар актер, а за време на својот говор особено им се заблагодари на Лиза Мари и нејзината мајка Присила Присли, бидејќи одблиску му помогнале да ја развие улогата во филмот, и така успеал што подобро да го „одигра“ Елвис.

– Сакам да им се заблагодарам на нашите неверојатни продуценти, на „Ворнер Брос“ и на семејството Присли, ви благодарам што ги отворивте вашите срца и вашиот дом и што ги споделивте вашите спомени со нас. Лиза Мари и Присила, ве сакам засекогаш – рече Батлер и ја расплака Лиза Мари.

Единствената ќерка на легендата Елвис Присли почина во четвртокот откако итно беше пренесена во болница во Лос Анџелес поради срцев удар.

 

Слични објави

(Фото) Северина го прослави Велигден во свилени пижами од 1.080 евра и мокасини од „Гучи“

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

Елеганцијата започнува во „Капитол“ – одберете стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.
Се вчитува....