03:58 - 6 април, 2026

Весна Змијанац донесе неочекувана одлука: Пејачката откри што ќе прави за Нова година, откако ѝ ставија три стентови

Весна Змијанац одлучи да настапи за празниците, иако пред пет дена имаше операција на срце.
Пејачката беше пуштена од болница на домашно лекување, а веќе донесе одлука да ги изведе закажаните настапи за празниците и да не ги откажува.

Таа ќе пее за Нова година во Нови Сад, а веќе на први јануари во Херцег Нови, и покрај тоа што ѝ беше направена реваскуларизација на артеријата и што ѝ беа поставени три стента.

– Весна одлучи да настапи, иако лекарите ја советуваа поинаку. Секако, нејзиното семејство и најблиските пријатели кои искрено ѝ посакуваат добро не се согласуваат со нејзината одлука, но сите знаеме колку е тврдоглава. Нејзиниот живот е музика, таа се радува на сè – рекла пријателка на Весна за српските медиуми.

Инаку, Весна закажа концерт во Арената следната година, и се радува да помине време со публиката на 14 мај 2026 година.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....