6.8 C
Скопје
06:07 - 31 март, 2026

Уапсена позната пејачка во Албанија во операција „Балкон“, во саксии одгледувала марихуана

Полицијата во Тирана ја приведе Руенца Хаџиај, позната како Енца, под сомнение за производство на наркотични растенија.

Албанските медиуми јавуваат дека пејачката живее во населбата „Луандер“ во периферијата на Тирана во приватна вила каде што била спроведена полициска акција „Балкон“, која следувала по добиени информации по оперативен пат.

Приведено е и момчето на Енца, а при контрола на домот пронајдени и одземени се пет саксии во кои имало засадено марихуана.

По апсењето пејачката изјавила дека е корисник и марихуаната ја одгледувала за лична употреба.

Во изминатите неколку месеци, во Албанија се уништени илјадници стебла канабис и откриени се одгледувачите на ова наркотично растение.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....