11:37 - 2 февруари, 2026

Токсиколошки наод на Лијам Пејн: Отровна мешавина од крек и „розов кокаин“ пронајдени во моментот на смртта

Поранешната ѕвезда на One Direction, Лијам Пејн, според новите токсиколошки извештаи, имал смртоносна комбинација на недозволени супстанции во неговиот организам во моментот на неговиот трагичен пад од хотелски балкон во Аргентина минатата недела.

31-годишниот пејач почина веднаш од огромни внатрешни и надворешни повреди предизвикани од падот, а експертите шпекулираат дека Пејн можеби бил во несвест за време на фаталното паѓање.

Токсиколошките наоди открија дека Пејн проголтал опасна мешавина од дрога, вклучувајќи креки синтетичка дрога „розов кокаин“, позната и како комбинација Туси. Туси, комбинација од метамфетамин, кетамин и екстази, „е популарна во клубските сцени ширум светот, а дрогата откриена во организмот на Пејн вклучувала и бензодиазепини и кокаин“.

Полицијата открила во собата каде што престојувал Пејн и импровизирана алуминиумска цевка за која се верува дека се користела за пушење на супстанциите.

Во часовите пред неговата смрт, сведоци го опишуваат Пејн како „непостојан и нестабилен“. Тој наводно си го скршил лаптопот и на една непозната жена ѝ понудил 20.000 долари.

Вработените во хотелот биле толку загрижени што менаџерот повикал полиција во Буенос Аирес, пријавувајќи дека „некој под дејство на дрога и алкохол предизвикува немири и им го загрозува животот на другите гости“.

Фотографиите направени во хотелската соба на Пејн откриваат јасно – употреба на дрога и прашкаста материја пронајдена на масата.

Овие детали дополнително ја поттикнаа загриженоста за зголеменото присуство на розовиот кокаин, кој неодамна се здоби со популарност во клупската сцена во Њујорк и е поврзан со шверцерски операции на венецуелски банди.

 

Слични објави

Неверојатно: Верица Шерифовиќ откри колкава ѝ е пензијата по 39 години работа

Е.А.

(Фото) Жената на Никола Роквиќ се соблече во бикини и ги воодушеви сите: Бојана Баровиќ има тело на божица!

Еспресо

„Ништо од свадбата!“ Рада Манојловиќ за помирувањето со Милан, призна како нејзиното ново момче реагира на Станковиќ

Еспресо

Хороскоп за 2 февруари: Раковите да не се расфрлаат со пари!

Еспресо

„Мојата бременост ќе го врати“: Каспер летна за Америка, Мина Костиќ го бакнува

Еспресо

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Еспресо
Се вчитува....