21:33 - 5 април, 2026

„Тоа остави трага врз неговото здравје“: Соседите проговорија за Ѓани откако имаше операција на срце

Пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани беше итно опериран пред една недела во Военомедицинската академија (ВМА), каде што му беа вградени пет стентови. Веста за неговото нарушено здравје ја загрижи јавноста, но и неговите соседи од елитна населба во Белград, кои за српските медиуми зборуваа за навиките и начинот на живот на пејачот.

Продавачката од пазарот сместен на приземјето од луксузната зграда каде што живее Ѓани, истакнува дека сите го сакаат и го почитуваат затоа што е „крал и човек од народот“. Сепак, таа не ја крие загриженоста за неговото здравје.

„Треба да се грижи затоа што веќе е во некои сериозни години. Алкохолот и неуредниот живот, како и малкут спиење поради работата, веројатно оставија трага врз неговото здравје“, рекла продавачката, додавајќи дека многу ѝ е жал за сè и дека ќе ја поздрави сопругата на пејачот Слаѓа веднаш штом ја сретне.

Дека Ѓани е омилен во главниот градскиот кварт потврди и сосетка од соседната зграда, која има само пофални зборови за популарниот фолк-пејач.

„Често го среќавам Ѓани. Ретко вози сам, најчесто го возат неговите синови. Работи многу и треба малку да се смири. Таков е животот на тие пејачи, особено на оние што ги сака народот“, рекла таа, додавајќи дека пејачот е добар човек, секогаш насмеан и секогаш се јавува и ги поздравува сите.

Сосетка која често го гледа кога се враќа од пат има слично искуство, нагласувајќи дека секогаш е расположен и љубезен, и дека никогаш не поминал без да с поздрави.

Таа истакна дека сите биле тажни од веста за операцијата, но дека верува во неговото брзо закрепнување бидејќи е „голем борец“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....