6.8 C
Скопје
06:24 - 31 март, 2026

Телефонската линија на жртвите на Шон „Диди“ Комбс жежи: Ја преплавија 12.000 повици за 24 часа

Воспоставената телефонска линија за жртвите од скандалот со Шон Диди Комбс е преплавена од неверојатни 12.000 повици во еден ден, во просек 500 на час, бидејќи адвокатите ги охрабруваат жртвите да се јават.

Веќе има минимум 120 обвиненија против продуцентот на музика, кој моментално е зад решетки и чека судење, обвинувајќи го за физичка, ментална и сексуална злоупотреба која трае веќе 20 години наназад, а најмладата жртва е на возраст од девет години!

За да се справи со размерите на скандалот што федералната влада има за цел да го реши, Тони Базби, адвокат, објави телефонска линија во која ги охрабрува жртвите, или луѓето кои ги познаваат Диди, да излезат да зборуваат.

„Кога објавив дека ќе ги следам овие случаи, портите навистина се отворија“, изјави Базби за Law & Crime. „Обеменот на повици беше огромен и беше некако шокантен“.

„Значи, нашата херкулова задача е да се обидеме да го проследиме секој од овие повици и да се погрижиме да ги идентификуваме оние што се жртви и оние што се сведоци и да собираме докази“, вели адвокатот.

Имаше вкупно 15.200 повици на телефонската линија откако беше вклучена „во живо“, иако не е откриено колку од нив биле обиди за тролови или биле вистински обвинувања против озлогласениот R&B пејач.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....