15.8 C
Скопје
15:49 - 29 октомври, 2026

Татјана Лазаревска: „Со години ја убедував Маријана повторно да снима“

По повеќе од 20 години, сестрите Маријана и Росана повторно снимија нова песна. Заедно со Дац и Александар ја објавија песната „Засекогаш млади“, за која е снимен оригинален видеоспот, а песната веќе предизвика бројни позитивни реакции кај нивните пријатели и обожаватели.

Маријана со голема возбуда ја сподели песната на социјалните мрежи.

„Конечно нашата нова песна и спотот со Дац и Александар – „Засекогаш млади“. Да сте сите живи и здрави. Живеј го животот затоа што нема реприза“, напиша таа.

Меѓу првите што ѝ честитаа беше пејачката Татјана Лазаревска, која живее во Мелбурн исто како и Маријана и се многу блиску. Таа откри дека долго време посакувала Маријана повторно да снима нови песни.

„Овој момент го чекав, посакував и работев на него долго време, ама крајот го краси делото… Браво, сестрички мои“, напиша Лазаревска.

Маријана ѝ возврати со емотивна порака, откривајќи дека токму Татјана постојано ја охрабрувала да се врати на музичката сцена.

„Точно, мила моја, ти секогаш притискаше и навиваше за нова песна. Александар, Дац, Росанче, а и јас ги разбудивме емоциите на едно убаво, безгрижно време исполнето со љубов, почит и позитивност… време кога бевме млади и остануваме засекогаш млади“, напиша Маријана.

На нивната објава се огласи и Росана, која на Татјана ѝ возврати со симболична црвена роза.
Маријана и Росана беа едни од најпопуларните македонски поп-дуети во 90-тите години, а зад себе оставија повеќе хитови кои и денес се слушаат како „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Ако не исчезнам“ и други.

Во последните години ретко објавуваа нов музички материјал, па „Засекогаш млади“ претставува нивно враќање на сцената по повеќе од две децении. Новата песна е снимена во соработка со Дац и Александар, со кои, како што велат, сакале да ги разбудат спомените на едно безгрижно време исполнето со љубов, почит и позитивност.

Слични објави

Гудељ се огласи по страшната трагедија во Шпанија во која загинаа 68 лица, зетот на Цеца скршен: „Господи, прими во својот мир…“

apostolova

(Фото) Македонската музичарка Мартина Блажеска очекува близнаци: „Од двајца ќе станеме четворица“

К.С.

Цвеќиња што ја разубавуваат есента — што да засадите на балконот во октомври?

К.С.

Драгана Беквалац скршена од болка по ненадејната смрт на миленикот: „Здрав како дрен, а замина за неколку минути“

Е.А.

(Фото) Адријан Гаџа и сопругата Сидорела во елегантни изданија на свадба — пејачот позираше и со родителите

К.С.

Нови шокантни детали за Беби Дол: Соседите тврдат дека е исфрлена од станот поради хаосот што го направила

Е.А.
Се вчитува....