12:51 - 10 април, 2026

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

Водителот Мирослав Кацаров сподели редок и емотивен момент од приватниот живот, објавувајќи слика со својот син Тадеј, кој се роди во ноември минатата година.

На фотографијата, Миро го држи малиот Тадеј во прегратка на мотор. „Јас и ти татин син“, напиша водителот до сликата.

Фото/Фејсбук

Инаку, Мирослав е во брак со Ивана, со која заедно го уживаат најубавото животно поглавје – родителството.  Името Тадеј има посебно значење и во превод значи храбро срце. Ивана од првиот брак ја има ќерката Миа, а Миро вели дека ја сака како да му е биолошка ќерка.

Кацаров во неколку наврати рече дека ја запознал Миа кога имала две и пол години, и оттогаш ја сака и ја чува како да е негова.

Инаку, Миро и Ивана се запознале во ноќен клуб во Скопје и си се бендисале од прва. По само неколку месеци почнале да живеат заедно.

Слични објави

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо

(Фото) Вистинска семејна идила – Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ имаа посебен ден со ќерките

Еспресо
Се вчитува....