Актерот и водител Тарик Филиповиќ ѝ го честиташе 50-тиот роденден на својата сопруга Лејла со емотивна објава на социјалните мрежи, а неговите зборови привлекоа внимание токму поради искреноста и нежноста со која ја опиша нивната љубов.
Наместо класична честитка за роденден, Тарик ја претвори својата порака во еден вид љубовна посвета.
View this post on Instagram
„Да пишуваш стихови ако се најдобри, велат, веќе се напишани…
Да пишуваш за љубов што е тешко да се опише… Не… денес само… прегратка, долг… поглед… мојата душа сака да зборува… и знам што би ти рекол…“, напиша тој.
Делот во кој ѝ се заблагодарува на својата сопруга за сè што внесува во неговиот живот, но и во животите на оние околу него, звучи особено емотивно.
„Ти благодарам што го украсуваш овој свет со твојата душа… твоите очи… твојата насмевка… твоето достоинство… твојата убавина… и се надевам дека истиот тој свет е благодарен што го правиш помагичен половина век… и јас сум пресреќен што сум голем дел од твојот живот… Среќен роденден, љубов… само биди здрава и насмеана… останатото е веќе наше“, ѝ рече тој.
Сепак, тој не ја заврши својата објава без стих. Откако напиша „Само еден стих…“, додаде зборови што дополнително ја заокружија неговата љубовна посветеност: „Никој никогаш нема да те сака како јас…“
