7.8 C
Скопје
01:25 - 31 март, 2026

„Спајс грлс“ повторно заедно по 11 години – ќе им се придружи ли и Викторија Бекам?

Членката на женскиот состав „Спајс грлс“, Мел Би го потврди повторното обединување на групата за магазинот „Сан“.

Таа не откри детали од проектот на кој работат, но вели дека ќе се соберат сите девојки, вклучувајќи ја и Викторија Бекам.

Ова ќе биде нивно прво целосно обединување по 11 години, од нивниот настап на затворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Бекам не сакаше да им се придружи на своите колешки на нивната турнеја во Велика Британија во 2019 година. Потоа рече дека е премногу зафатена со нејзиниот бренд за облека. На прашањето како Викторија била убедена да се врати, Мел рекла:

„Не е работата да ја убедуваме. Мислам, секогаш бевме некако во контакт. Не е дека не разговараме. Имаме групен разговор. Треба само да го пронајдете вистинското време“, додала Мел.

Бендот се распадна во 2000 година, но оттогаш тие се вратија неколку пати на турнеја што повторно ги собра нивните обожаватели.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....