24.8 C
Скопје
13:51 - 8 октомври, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Улогата на пробиотиците во здравјето на цревата

Здравјето на цревата е клучно за целокупната благосостојба, бидејќи влијае на дигестијата на храната, апсорпцијата на хранливи материи и имунолошкиот систем. Оттука би истакнале дека пробиотиците играат фундаментална улога помагајќи во одржувањето на соодветна рамнотежа во цревниот микробиом.

Што се пробиотици?

Пробиотиците се живи микроорганизми кои, кога се консумираат во соодветни количини, ни обезбедуваат низа здравствени придобивки. Тие се наоѓаат во ферментирана храна како што се јогурт, кефир, кисела зелка, како и во специфични додатоци во исхраната.

Придобивки од пробиотиците за здравјето на цревата

Редовното консумирање на пробиотици може да помогне во:

– Враќање на рамнотежата на цревниот микробиом, особено по употреба на антибиотици.

– Подобрување на дигестијата на храната и апсорпцијата на хранливи материи и поддршка на метаболизмот.

– Зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на ризикот од цревни инфекции.

– Спречување и лекување на дигестивни нарушувања, како што се синдром на иритабилни црева, дијареја и запек.

– Намалување на воспалението на цревата, помагање кај состојби како што се улцерозен колитис и Кронова болест.

Пробиотици и исхрана: како да ги вклучите во вашата исхрана?

За да ги искористите нивните придобивки, се препорачува да вклучите храна богата со пробиотици во вашата исхрана, како што се:

– Ферментирани млечни производи: природен јогурт, кефир и урда.

– Ферментиран зеленчук: кисела зелка и кисели краставички, природно ферментирана туршија.

– Ферментирани пијалаци: комбуха, природно ферментиран јаболков оцет.

Нутриционист може да ви препорача храна богата со пробиотици и да ви посочи кој вид пробиотици ви се потребни вам

Важноста на нутриционистичкото советување

Доколку сакате да го подобрите здравјето на вашите црева и да дознаете повеќе за улогата на пробиотиците, закажете консултација во одделот за гастроентерохепатологија на Клиниката „Жан Митрев“ или со нутриционистот м-р Татјана Павлова, и добијте ги потребните персонализирани совети. За информации и закажување јавете се на тел. 02 3091 484

М-р Татјана Павлова, нутриционист

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ објави селфи со Ејсап Роки: Ријана, јас го сфатив пред тебе

Еспресо

(Видео) Синот на Бени Шаќири има само 12 години, а веќе самоуверено владее со гитарата на сцената

Еспресо

Им забранувала и ги условувала соработниците? Откриено сè за тајната листа на Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Сестрата на Јелена Спенџарска покажа како го поминала летото со четирите деца: „Бевме презафатени живеејќи го“

К.С.

Есенски десерт за вистинско уживање — кремаст мус од костени и чоколадо готов за само 10 минути

Еспресо

Хороскоп за 8 октомври: Вагите ќе мора да направат компромис на работното место

Еспресо
Се вчитува....