12.8 C
Скопје
13:24 - 24 март, 2026

Сограѓанинот на Славица Ангелова победи на „Никогаш не е доцна“: Павле Витанов „растури“, струмичани покажаа дека им нема рамен во пеење

Синоќа заврши осмата сезона по ред на најемотивното шоу во регионот „Никогаш не е доцна“, во кое се истакнаа дванаесет ветерани кои од различни причини ги остварија своите музички соништа дури во подоцнежните години.

Со емотивни приказни и одлични изведби, финалистите од круг во круг ги совојуваа симпатиите на жирито, а вчеравечер беа прогласени тројцата победници.

По собирањето на гласовите од социјалните мрежи, поточно од Фејсбук, победата во оваа категорија ја освои струмичанецот Павле Витанов, натпреварувач кој своевремено учествуваше во „Ѕвезде Гранда“.

 

– За време на пандемијата свирев на Фејсбук и тоа доби одличен одзив, се исплатеше. Многу сум возбуден. Им честитам на сите финалисти за големата борба и шоуто што го направија – рече Витанов.

Ласкавата титула на победничка со СМС гласови ја понесе Сабина Калтак која ја совладаа емоции од шок и од среќа, а низ солзи радосници призна дека не го очекувала овој триумф.

– Ви благодарам од се срце, ова не го очекував – возбудено изјави Сабина.

Ништо помал шок не покажа на сцената ниту Петар Спасојевиќ кој беше прогласен за победник од стручното жири, на кого Саша Милошевиќ Маре со честитки му ја додели статуетката.

Слични објави

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.
Се вчитува....