9.8 C
Скопје
09:42 - 24 март, 2026

(Видео) „Смртта тропа на мојата врата, нема да лажам“:  Мајкл Џеј Фокс отворено за борбата со тешката болест

Мајкл Џеј Фокс (61) повеќе од 30 години се бори со Паркинсовата болест, а во последно време здравјето му е влошено, а се движи во инвалидска количка.

Ѕвездата на филмскиот серијал „Враќање во иднината“ даде интервју за емисијата „Сандеј морнинг“ на Си-би-ес и отворено раскажа колку му е тешко.

“Нема да доживеам 80 години“, изјави актерот.

– Да, смртта тропа на мојата врата. Нема да лажам. Станува се потешко. Секој ден е се потешко“, објасни Мајкл на новинарката Џејн Поли. Потоа откри дека дополнително имал и операција за отстранување на бениген тумор на рбетот, но поради процедурата сега не може да се движи и дека мора да функционира во количка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AlloCiné (@allocine)

Тој објасни дека „големиот убиец“ – Паркинсоновата болест му создала проблеми со џвакањето храна и со пневмонија.

– Не се умира од Паркинсонова болест. Се умира со Паркинсонова болест – рече Фокс во емисијата.

Неговите бројни обожаватели го охрабруваат и му се восхитуваат бидејќи долго време се бори со тешка болест и секогаш се труди да остане оптимист.

Слични објави

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.

Живеевме заедно со Ивона Јо: Тамара Волческа се отвори за несогласувањата со пријателката

msp-admin

Дневен хороскоп за 24 март: Денеска е вистински ден за справување со тешки задачи

apostolova

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо
Се вчитува....