11.8 C
Скопје
13:59 - 24 март, 2026

Слобода и живот за жените побараа големите европски градови една година по смртта на младата Иранка Махса Амини

Стотици луѓе се собраа во центарот на Лондон за да ја одбележат годишнината од смртта на Махса Амини, Иранката која почина во притвор минатата година.

Толпата извикуваше „Жени! Животот! Слобода!”.

Денеска слични собири се одржаа во Франција, Италија и Германија.

Смртта на Махса Амини предизвика масовни демонстрации во Иран и ширум светот минатата година.

Девојката беше уапсена од полицијата за морал бидејќи и се гледала коса под шамијата која е задолжителна во Иран.

Махса Амини почина на 16 септември 2022 година, три дена по нејзиното апсење.

Иранските власти се обидоа да спречат продолжување на протестите на годишнината од нејзината смрт.

Нејзиниот татко бил приведен пред неговата куќа откако семејството укажало дека планираат да се соберат на нејзиниот гроб.

Безбедносните сили се засилени во центарот на Техеран и на западот на земјата.

Слични објави

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.
Се вчитува....