04:36 - 8 април, 2026

Славчо Попоски најавува врнежи, ветер и густа магла, проверете кога

– Викендов под влијанија на циклонска активност од медитеранот во Македонија ќе имаме облачно, врнеживо и ветровито време со засилен, повремено и локално СИЛЕН ветер од југоисточен правец (повремено со брзина до околу 70 км/час).

Локално врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и ПОРОЈНИ (околу 40 л/м2). Температурите особено во недела ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, и тоа дури за околу 10 степени во споредба со сегашните и максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Поради падот на температурите на воздухот на највисоките планински врвови во Македонија има помали услови за провејување на снег.

Во Скопје и околината викендов исто така ќе имаме облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Температурата ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намали и тоа особено во недела кога максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени. Од понеделник времето ќе ќе стабилизира, но во утринските часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла која локално би можела да биде и ГУСТА, вели метеопрогнозерот Попоски.

Во Хрватска падна снег, снежни провејувања се очекуваат и во Македонија

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....