15.8 C
Скопје
17:27 - 3 март, 2026

Skopje Calling оваа година навистина е авангарден – публиката со нетрпение ги чека Констракта, Лајбах и Нина Кравиц

На Стадионот на АРМ во Скопје во петок, 7 јули, ќе се одржи културно музичкиот фестивал Skopje Calling 2023. Како што најавија од Авалон Продукција, на фестивалот ќе настапат Нина Кравиц, Лајбах, Констракта и Земја Грува, Буч Кесиди, и „Nipplepipple“.

Како што најави на денешната прес-конференција сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески, продукциски фестивалот се предвидува да биде на највисоко светско ниво.

-Секогаш се обидуваме Skopje Calling да биде пософистициран и да биде повеќе настроен кон „меинстрим“ генерацијата, и во години и во музички вкусови, додека Ohrid Calling е повеќе за младите генерации. Овој фестивал е за публика од 7 до 70 години, ако земеме во предвид дека публиката на Констракта и на Буч Кеседи е помлада, публиката на „Nipplepipple“ е во некои си средни години, а публиката на Нина Кравиц е во средни и помлади години, рече Милошески.

Нина Кравиц, Лајбах, Констракта се дел од годинешното издание на Skopje Calling.

Љупка Ѓорѓиевска, помошник на Управен одбор на НЛБ банка, генерален спонзор на фестивалот на прес-конференцијата рече дека ова е четврта по ред година како соработуваат, а од година за година се повеќе се интензивира соработката за овој фестивал.

-Верувам дека партнерството и во следниот период ќе продолжи со засилен интензитет, додаде Ѓорѓиевска.

Фестивалот е авангарден и како што рече првиот човек на Авалон, изненаден е од интересот што постои за оваа година.

-Фестивалот е авангарден, односно не е утракомерцијален како што е Охридскиот. Изненадени сме од бројот на посетители кои ќе се појават во петок. Фестивалот е прилагоден спрема музичкиот концепт, односно ќе се загрева атмосферата, ќе биде како вовед, се до настапот на Нина Кравиц. По короната и во музичката индустрија се е поскапено од пет до шест пати. Ова ќе беше прва година во која ние немаше да работиме и немаше да има ниту еден проект, да не се појавеа нашите стратешки партнери од аспект на маркетинг, но во оваа приказна главни се луѓето од НЛБ Банка, ја вклучивме и VISA во приказната, и сето тоа овозможи да се случат овие два фестивала, рече Милошески.

На новинарско прашање зошто македонски уметници нема да настапат на фестивалот, Милошески рече дека причината е единствено од технички аспект, односно немало простор за повеќе изведувачи.

-Беше планирано фестивалот да биде поделен во два дена. Сите овие изведувачи беа „букирани“ и требаше да има уште еден регионален изведувач и уште два или три македонски изведувачи. Се случи тројца изведувачи да не можат да се поделат во два дена, и во оној момент кога се одлучи фестивалот да биде во еден ден, навистина немаше простор за други изведувачи. Технички работите излегоа од контрола, и само поради тоа нема македонски изведувачи. Нема физички кај да ги сместиме, рече Милошески.

 

Слични објави

(Фото) Спасен Силјановски на одмор, ужива во убав спа центар со семејството

Еспресо

Џастин Тимберлејк со тужба против објавување на снимката од апсењето за возење под дејство на алкохол

Еспресо

Ѝ пропадна бизнисот на Ана Ивановиќ: Вложи три милиони евра, ама нема интерес за нејзината природна козметика

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ го покажа својот скриен талент, сите се воодушевени

Еспресо

(Фото) Каков фраер е синот на Харис Џиновиќ: Кан се набилда и пушти брада, ги остави жените без зборови

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ сподели радосна вест: Малата Арија наполни шест месеци

Еспресо
Се вчитува....