6.8 C
Скопје
07:55 - 31 март, 2026

Скандал во Монако: Мелина Џиновиќ направила хаос во луксузен бутик поради чанта

Мелина Галиќ, поранешната сопруга на Харис Џиновиќ, наводно предизвикала непријатна сцена во еден од најексклузивните бутици на Монако, откако вработените одбиле да ѝ продадат чанта од брендот „Ермес“.

Според информации од извори блиски до настанот, инцидентот се случил во бутик во Монте Карло, каде што за одредени модели важат строги правила за купување, т.н. годишни квоти. Мелина сакала да купи нова „Биркин“ чанта, но ѝ било објаснето дека ја има надминато дозволената квота за таа година и дека, согласно правилата на куќата, не може да ѝ биде продаден уште еден примерок.

Наводно, по тоа објаснување, таа реагирала бурно, гласно негодувала и побарала да разговара со менаџерот на бутикот. Пред присутните клиенти инсистирала да се провери нејзината историја на купувања, нагласувајќи дека е долгогодишна и верна купувачка. И покрај тоа, вработените останале на ставот дека не можат да направат исклучок.

Изворот тврди дека расправијата траела околу петнаесет минути, по што Мелина, видно вознемирена, го напуштила бутикот без да ја добие посакуваната чанта. До објавувањето на оваа информација, таа не одговорила на барањето за коментар.

Да потсетиме, медиумите претходно објавија дека Мелина неодамна била свршена на луксузна вечера во Монте Карло, организирана од нејзиниот партнер, каде што добила скап накит и ексклузивна „Кели“ чанта од алигаторска кожа, со цена која, според наводите, достигнува околу 80.000 евра.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....