6.8 C
Скопје
06:40 - 31 март, 2026

Скандал на српската Песна на Евровизија: Тимот на Џипси во кавга со новинари, обезбедувањето ги исфрлило од бекстејџот

Членовите на тимот на пејачот Јован Живадиновиќ Џипси биле избркани од бекстејџот на РТС за време на вчерашното натпреварување за песна на Евровизија на Србија.

Вчеравечер се одржуваше големото финале на „Песна на Евровизија“, а поддршката на пејачот Џипси се однесуваше непријатно кон новинарите, па мораше да реагира и обезбедувањето, пренесува српски Телеграф.

Покрај неговите соработници, од студиото е избркано и неговото момче, кое наводно грубо се однесувало и навредувало новинари.

Како што пренесува Телеграф, неволјата почнала уште пред почетокот на фестивалот кога член на тимот „беснеел по новинарите и ги спречил да работат“.

– Вакво непрофесионално и арогантно однесување до сега не сум видел. Срамните навреди што еден член од тимот на Џипси им ги упати на новинарите се крајно прости и ужасни – тврди новинарот на Телеграф.

Потоа продолжила бекстејџ драмата. Најпрво од нив било побарано да се смират, а откако тие одбиле и продолжиле со недоличното однесување, биле отстранети од бекстејџот, а при излегувањето еден од нив прво ја турнал камерата на Телеграф, а потоа го покажал средниот прст.

Додека се оддалечувал, еден од членовите на тимот удрил во камерата, што ги шокирало сите присутни.

Видеото може да го погледнете ТУКА. 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....