11.8 C
Скопје
10:52 - 10 април, 2026

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

Момчето на пејачката Дара Бубамара работи како менаџер во ресторан во Дубаи, иако многумина веруваа дека станува збор за богат бизнисмен.

Дара Бубамара веќе извесно време ужива во емотивна врска со значително помлад партнер, но за него сè уште не сака јавно да зборува. Иако повремено споделува заеднички моменти на социјалните мрежи, неговиот идентитет вешто го крие, лицето му го покрива или го фотографира од агол кој не открива премногу.

Во јавноста се појавија бројни шпекулации за тоа со што се занимава нејзиниот избраник, а многумина веруваа дека станува збор за успешен и имотен бизнисмен од странство. Сепак, како што тврди извор близок до пејачката, вистината е малку поинаква.

— Тој всушност работи како менаџер во еден ресторан во Дубаи. Не е никаков тајкун ниту милионер, туку вредно момче кое само се изборило за својата позиција. На Дара тоа воопшто не ѝ пречи, напротив, важно ѝ е тој да е внимателен и да ја сака — открива изворот за „Информер“.

Разликата во годините меѓу нив двајца изнесува дури две децении, но пејачката, како што се наведува, не мари за коментарите на околината. Нивната врска функционира без поголеми турбуленции, а Дара се труди приватноста да ја задржи далеку од очите на јавноста.

— Свесна е дека штом целосно би го покажала, би почнале разни приказни и нагадувања. Затоа и понатаму го ‘крие’, иако се многу блиски и често заедно патуваат — додава изворот.

Слични објави

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо

(Фото) Вистинска семејна идила – Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ имаа посебен ден со ќерките

Еспресо

(Фото) Мора да ги видите фотографиите на Цеца Ражнатовиќ во бикини на Кипар!

Еспресо

(Фото) Лидија Вукичевиќ денес слави – му се обрати на својот син со емотивни зборови: „Љубов моја…“

Еспресо
Се вчитува....