-0.2 C
Скопје
19:11 - 24 ноември, 2024

Што рекоа за Пит Дејвидсон неговите славни девојки пред Емили Ратајковски: Нестабилниот Дон Жуан од Холивуд со „луд поглед“

Пит Дејвидсон е неверојатниот Дон Жуан од Холивуд. Ѕвездата на „Saturday Night Live“ излезе со мноштво водечки дами кои само го зголемуваат неговиот легендарен статус на заводник, предизвикувајќи галама за тоа кој ќе се забавува со него. Ким Кардашијан призна дека го гонела Дејвидсон поради таа „голема енергија“, признавајќи дека почувствувала сериозна искра за време на нивниот бакнеж на екранот како Јасмин и Аладин на „SNL“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by pete davidson (@petedavidson.93)

„Неколку дена [по нашиот бакнеж] мислев: „Хмм, еве дел од BDE акција“, призна телевизиската реалити ѕвезда во подкастот „Not Skinny But Not Fat“. Дејвидсон и Кардашијан започнаа сериозна врска, по нејзиниот развод од сопругот Канје Вест, легално познат како Је. Врската меѓу двајцата беше краткотрајна, но бурна.

И покрај неговиот импресивен рекорд за излегување со славни жени, Дејвидсон призна дека би сакал да се ожени. Тој, исто така, шармантно му призна на Кевин Харт во „Hart to Heart“ дека би сакал да стане татко наскоро. Значи, јасно е дека Дејвидсон е подготвен да ги заврши годините на забава и излегувања, па можеби конечно со моделката Емили Ратајскови (неговата последна во низата славни девојки) конечно ќе се скраси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by pete davidson (@petedavidson.93)

Карли Аквилино -најлесно помина

Стендап комичарката и телевизиска позната личност Карли Аквилино, се забавуваше со Пит Дејвидсон во 2015 година и иако нивната врска не крена многу врева додека беа заедно, Аквилино дефинитивно стана тема на разговор во 2018 година кога Дејвидсон се сврши со Аријана Гранде. Во 2018 година, Дејвидсон ѝ го постави прашањето за свршувачка на Гранде откако се забавуваше помалку од еден месец со неа, според Elle, а пријателите и обожавателите ја следа постојано Аквилино за да видат каква била нејзината реакција.

Аквилино на Инстаграм сподели скриншот од текстуален разговор со пријател по веста за свршувачката на Дејвидсон. „Знам дека сум 9-милијардитиот човек што ти испратил порака за ова денес, но… не можам“, напишал пријателот. „Хахахахах““, одговорила Акилино. Аквилино напиша под објавата на скринпринтот: „Мојот ден во текстуална порака“. Меѓутоа, Аквилино не покажа ни грамче тага. Подоцна истиот ден, таа објави порака каде некому испрати емоџи со срце -„Мојот љубовен живот оди одлично“, напиша Аквилино.

Иако Аквилино можеше да се пожали на брзата свршувачка на Дејвидсон со Гранде, сепак, тие останаа блиски и се поддржуваа еден со друг бидејќи таа ја глумеше Тара во комедијата на Пит Дејвидсон „Кралот на Стејтен Ајленд“. Дури и јавно му се заблагодари за поддршката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Кејзи Дејвид – Шокирана и болна од разделбата

Кејзи Дејвид, ќерка на комичарот и писателот на „Curb Your Enthusiasm“, Лери Дејвид, започна да се забавува со Пит Дејвидсон во мај 2016 година. Дејвидсон јавно ја изрази својата љубов и кон Кејзи и кон нејзиниот татко.

„Многу ја сакам“, изјави Дејвидсон за People во мај 2016. А што мисли Дејвидсон за нејзиниот славен татко? „Тој е најслаткиот човек на светот, тој е најкул“, рече тој за креаторот на „Seinfeld“.

Меѓутоа, работите добија поинаков тек. По врската повеќе од две години, Кејзи раскина со Дејвидсон во 2018 година. Таа се предомисли и се обиде да го врати неколку дена подоцна, но Дејвидсон рече дека е „најсреќниот што некогаш бил“, според Лос Анџелес Тајмс. Еден ден откако Кејзи сфати дека Дејвидсон никогаш повеќе не ѝ се враќа, таа откри дека се забавува со Аријана Гранде. Кејзи тешко ја прифати веста, велејќи дека нејзиниот татко морал да ја држи во раце и да ја извлече од креветот за да го спречи физичкото тресење и врескање што доаѓа од таквата шокантна вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Кејзи напиша за раскинувањето во нејзината збирка есеи, „Никој не го праша ова“, и иако не се воздржа од мрачното искуство, таа рече дека таа и Дејвидсон повторно станале пријатели. Во исповедта таа напиша: „Пит. Те сакам… Твојата храброст ме инспирира, а твоето пријателство ми значи се во светот“.

Аријана Гранде – Беше луд и крајно нереален, многу несериозен

Аријана Гранде поради сопствениот статус на суперѕвезда го направи Пит уште пославен од што беше. Двојката се запознала кога Гранде паузирала од обрските во Лос Анџелес и извесно време останала во Њујорк на молба на нејзините пријатели. „Моите пријатели рекоа: „Ајде! Ќе имаме забавно лето.“ И тогаш го запознав Пит, и тоа беше неверојатно нешто“, изјави таа за Vogue во јули 2019 година. „Беше несериозно и смешно момче, лудо и крајно нереално, го сакав иако не го познавав. Јас сум како дете кога е во прашање реалниот живот. Сè уште не си верувам во работите што ми се случуваат во животот“.

Брзо се свршија. Навистина брзо. „Таа навистина секогаш ми го дава најдобриот совет“, изјави Дејвидсон за Elle во мај 2022 година.


Веста за нивната свршувачка создаде медиумска лудило. Сепак тие се разделија во октомври 2018 година, поминувајќи заедно пет месеци во кои се беше кажано и направено.

Кејт Бекинсејл – дваесет години постара од него и изненадена од популарноста на Пит

Пит Дејвидсон продолжи да се забавува со Кејт Бекинсејл во јануари 2019 година, а врската предизвика толкава возбуда кај фановите што и самата Бекинсејл беше фатена многу изненадена. „Изненадена сум од интересот“, изјави Бекинсејл за Лос Анџелес Тајмс во март 2019 година. „Никогаш не сум била на ваквапозиција порано, никогаш не сум се забавувала со некој што толку предизвикува внимание. Сето тоа е прилично шокантно и нешто на што треба да се навикнеш. Мислам дека ако помалку ти се допаѓа личноста, ќе излезеш на крај“.

Дел од возбудата за романсата на Бекинсејл и Дејвидсон беше нивната разлика во годините. Во тоа време, таа имаше 45, а тој 25. Иако озборувачите имаа многу да кажат за тоа, тоа не беше проблем за парот. „Очигледно, луѓето имаат луда фасцинација со нашата разлика во години“, рече Дејвидсон на „SNL“, но тоа навистина не ни пречи“. Иако ова всушност не создаде никакви проблеми, тоа беше бескрајното внимание што на крајот ги оддалечи еден од друг. Како што известува Page Six, тие се разделиле во април 2019 година, само неколку месеци откако првпат се сретнале.

Подоцна, кога Дејвидсон почна да излегува со Ким Кардашијан и сите беа збунети околу тоа како тој се справува со толку многу прекрасни жени, Бекинсејл му даде скромна поддршка со лајкување на објава на Инстаграм која сугерираше дека тој навистина има одлична личност покрај себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Маргарет Квали – Бурно влета, тивко се разделија

Четири месеци по неговото разделување со Кејт Бекинсејл, Пит Дејвидсон започна да се забавува со Маргарет Квали, ќерка на актерката Енди Мекдауел, во август 2019 година. Тие отпатуваа во Венеција, Италија, заедно на филмскиот фестивал во Венеција, додека таму се претставуваше филмот на Квали „Себерг“. Според извори за Us Weekly, Дејвидсон ѝ се придружил на Квали на црвениот тепих. Кога ја обиколија Венеција, се држеа за раце и изгледаа многу среќни заедно. На премиерата, Дејвидсон седеше во редот зад Квали.

Врската била успешна и за двајцата. „Тие се гледаат неколку месеци и Маргарет е навистина возбудена поради него“, изјави упатен за Us Weekly. Убавата врска ја потврди и самата глумица, Енди Мекдауел. Сепак, двојката се раздели во октомври 2019 година. Не беше проблем со разликата во возраста, бидејќи во времето на нивната врска, Дејвидсон имаше 25 години, додека Квали имаше 24 години. Навистина, ниту една причина за нивното разделување не беше дадена ниту од Квали ниту од Дејвидсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

За Каја Гербер тоа беше премногу интензивна врска

Во истиот месец од неговото разделување со Маргарет Квали, Пит Дејвидсон повторно ја откри љубовта со моделот Каја Гербер, ќерка на Синди Крафорд.  Во времето на нивната врска, Каја имала 18 години, додека Дејвидсон 26, пренесува Page Six. Тие се забележани на средби и во Њујорк и во Малибу, каде што се наоѓаат родителите на Гербер.

Додека работите на почетокот изгледаа среќни, луѓето почнаа да се прашуваат дали тоа ќе функционира. Според Дејли Мејл, на таткото и мајката на Каја не им се допаѓал Пит, а една караница во јавност наведува дека Синди кажала дека тој има луди очи. Набргу потоа, Дејвидсон бил виден како бесно го напушта станот на Каја. До јануари 2020 година, Каја и Дејвидсон раскинаа.

Без експлицитно да каже за кого зборува, Каја зборуваше за Вог во 2021 година, на начин што ги наведе фановите да веруваат дека таа мислела на Дејвидсон. „Никогаш не сум имала средношколска љубов“, рече Каја. „Значи, имав тенденција да се дружам со постари луѓе бидејќи тоа беа луѓето околу кои бев. И ме доведоа во ситуации кога ќе се разбудам еден ден да помислам, како дојдов овде? Немам поим што правам и ми треба помош“.

Дејвидсон пак, потоа јавно најде објаснување за раскинувањето, кратко и јасно со зборовите „таа беше премлада!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Us Weekly (@usweekly)

Фиби Диневор – неочекувана комбинација

Пит Дејвидсон и ѕвездата од „Бриџертон“ Фиби Диневор станаа љубовници во март 2021 година. Дејвидсон често патуваше во Англија, каде Диневор го снимаше „Бриџертон“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Локалните жители во англискиот град Каверсвол, Стафордшир, изјавија за Page Six дека ја виделе двојката како се заедно. „Тие поминаа покрај нашата куќа и јас веднаш го препознав… Немав прочитано ништо за Пит дека има афера со Фиби, но штом ги видов заедно мислев: „Можеби се тие?“, рече сведокот.

Тие подоцна заедно во Лондон присуствувале на Вимблдон, според Us Weekly, каде биле многу среќни. Малу подоцна глумицата се пожали на комуникацијата со Пит. Но и далечината си го направи своето. Иако беше посветен на подобрување на комуникацијата, Дејвидсон сè уште живееше во Њујорк додека Диневор беше заглавена на снимањето во Англија, па парот раскина во август 2021 година, поради фактори на далечина.

Ни Ким Кардашијан не го скроти

Благодарение на „Saturday Night Live“, Пит Дејвидсон започна да се забавува со Ким Кардашијан откако беше гостинка во ТВ-шоуто во октомври 2021 година. Кардашијан очигледно беше навистина посветена на врската, бидејќи таа и Дејвидсон имаа и заеднички профил а Инстаграм во март 2022 година, а тој пак направи неколку тетоважи во чест не само неа, туку и на нејзините деца, кои ги споделува со Канје Вест.

Целото семејство на Кардашијан го поддржа Дејвидсон. Врската стана поцврста кога Дејвидсон ѝ се придружи на Кардашијан на Мет Гала во 2022 година, каде што славно ја носеше блескавата тоалета на Мерлин Монро, додека Дејвидсон беше во целосно црн изглед на Диор Мен. Но, по осум месеци заедно, Дејвидсон и Кардашијан ставија крај на врската во август 2022 година, тврдејќи дека растојанието и нивните зафатени распореди ја отежнуваат љубовта.

Слични објави

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо
Се вчитува....