18:21 - 7 април, 2026

Шест години живееле во пекол – маж од Тирана го држел семејството во заробеништво

Ѓерѓ Лачи (52) од Тирана е уапсен во неделата под сомнение дека сопругата и синовите со години ги држел затворени во куќата и им забранувал да имаат контакт со надворешниот свет.

Куќата во која ги држел затворени жената и момчињата немала ниту струја ниту вода, а ролетните секогаш биле спуштени на прозорците за да не влезе ниту светлина.

Албанските медиуми објавија дека Лачи со години живеел во Италија, а потоа се вратил во родната Албанија, каде заедно со семејството живееле во мизерни услови. Тој повеќе од една година не ги пуштал своите синови, кои имаат 15 и 17 години, да ја напуштат куќата, додека неговата сопруга шест години не смеела да излезе од дома.

Семејството го држел затворено во куќата под изговор дека „ќе се заразат ако излезат надвор“. Тој, според медиумите самиот не излегувал од дома во изминатите шест месеци, а храната ја обезбедувало неговото семејство, а понекогаш и неговиот брат.

Соседите вели дека го гледале само во петок како излегува од дома за да оди на молитва. Сепак, како што тврдат, и тој не излегувал околу шест месеци.

Властите, според написите, биле однапред предупредени дека Лачи има „радикални ставови“, а загрижените соседи повикале полиција кога забележале дека момчињата подолго време не излегуваат од дома.

Момчињата завршиле само основно училиште, а татко им под закана ги држел затворени во куќата. При претресот кај Лачи биле пронајдени поголем број ножеви, поголема количина муниција и полни рамки за автоматско оружје.

За време на рочиштето Лачи негирал дека ги малтретирал момчињата и дека ја силувал сопругата Елена.

„Се водев од моите религиозни убедувања. Не ги пуштав сопругата и децата надвор за да ги заштитам од злото. Не сакав да почнат да се дрогираат или да се заразат“, кажал Лачи на сослушувањето.

Но, во текот на истрагата, во присуство на психолог, сопругата и децата докажале дека биле систематски малтретирани.

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....