10.8 C
Скопје
02:32 - 29 октомври, 2026

Скандал во Белград – сопругата на Сергеј Трифуновиќ била приведена по пријава за кражба

Исидора Мијановиќ, сопругата на Сергеј Трифуновиќ била приведена во полициската станица по пријава за кражба во еден трговски центар во Белград.

Како што пишуваат српските медиуми, полицајците ја привеле Исидора, државјанка на Хрватска, откако обезбедувачот пријавил дека украла сако вредно 8.990 динари од продавницата „Зара“. Нејзиниот сопруг Сергеј Трифуновиќ бил со неа во времето на инцидентот.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, Исидора рекла дека сакото „случајно ѝ паднало во чантата“, меѓутоа, и покрај ова, полицијата поднела кривична пријава против неа.

Колку што е познато, во овој случај немало нарушување на јавниот ред и мир, а Исидора е донесена во полициската станица за понатамошна обработка.

Исидора потоа ја напуштила полициската станица, додека Сергеј си заминал порано. Таа им се обратила на српските новинари и кратко рекла: „Дојдов само да ги земам документите“.

Слични објави

„Брзо ја преболе смртта на Саша!“: Сузана Јовановиќ ја поврзуваат со пејач, ѝ местат афера

Еспресо

„Пинкови ѕвезди“ се целосно промашување“: Александра Радовиќ остро го критикуваше шоуто, но и оние што се нарекуваат ментори

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ заводливo позира во базен и одбројува до летото: „Остануваат само 237 дена…“

Еспресо

(ВИДЕО) Едина Муса изненади со промена на изгледот — се збогува со долгата коса и покажа нова фризура

К.С.

Игор Џамбазов ќе биде домаќин на голема македонска кафеанска вечер во Скопје: Познати пејачи ќе ги пеат најголемите хитови

msp-admin

Ќерката на Сара Мејс тргна по стапките на мајка ѝ: Илина вежба харфа наместо да гледа во телефон

Еспресо
Се вчитува....