00:45 - 12 април, 2026

Се појавија шокантни тврдења за разводот на Мелина и Харис! Познат водител тврди дека Џиновиќ имал афера со келнерка

Мелина и Харис Џиновиќ се разведоа по 22 години брак, а црногорскиот водител Божо Добриша излезе со шокантни тврдења за пејачот.

Имено, Божо Добриша тврди дека главната причина за разводот на Мелина и Харис е наводно тоа што тој ја изневерил.

– Знам за неговата афера од минатото лето. Луѓето од хотелот ми кажаа за неговата афера со келнерка – изјавил Добриша за „РЕД ТВ“.

Мелина моментално живее во Монте Карло и наводно е во врска со милионер.

Според локалните медиуми, станува збор за стан вреден неколку десетици милиони евра во зграда со специфична архитектура, која од едната страна има поглед на главната улица, а од другата кон морето.

Една од првите соседки на Милена е Србинка која изнесе обвинувања за новото момче на модната дизајнерка.

– Овој стан каде што сега е Мелина не е нејзин, туку е во сопственост на нејзиното момче. Тој го има тој имот неколку години. Тој е познат на пошироката јавност во Србија, но јас не би зборувала за тоа. Вистина е дека е милионер, а е речиси 20 години постар од Мелина. Жената дефинитивно сака постари мажи, тоа е нејзин фетиш. Тој е многу приврзан кон неа и се обидува да ѝ угоди во сè. Тие се многу дискретни, ретко излегуваат заедно. Нивниот стан е еден од најубавите во зградата, имаат фантастичен поглед на главниот булевар и морето. Човекот е многу галантен, тој преку своите врски ѝ договорил да отвори бутик во концепт продавница, каде што ги продава своите фустани. Мелина инсистирала и таа да почне да ги продава тие фустани таму, за да не испадне дека само седи во Монте Карло и не прави ништо, дека само троши пари – тврди соседката Мелина Џиновиќ.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....