02:04 - 6 април, 2026

Сања откри што навистина се случува зад камерите на „Брза кујна“

Сања Савеска откри што навистина се случува зад камерите на „Брза кујна“, познатото кулинарско шоу на ТВ „Сител“ кое таа го води.

Откако шеф Боби по повредата на ногата пак се врати во студиото и заедно со шеф Никола подготвува вкусни специјалитети, Сања објави видео под кое напиша: „И по големиот број на прашања како е шеф Боби, еве го одговорот.“

А, на видеото, таа, Никола и Боби играат Пајдушко оро. Сања го објави на својот фејсбук профил и едноставно напиша: „Таман сме!“

Фото / Фејсбук

– Сакам да готвам, јас всушност сакам да поминувам време дома и да бидам со најблиските. Овие неколку години откако сум во „Брза кујна“, сакам да ги пробувам рецептите на шефовите, и нормално не ми излегуваат така вкусни како што тие ги подготвуваат.

Треба уште да „крадам“ од нивните вештини. Но, знам да подготвам убави традиционални јадења, знам и кифлички да месам, и тоа меки и убави како душа.

Специјалитетите ми се менуваат временски, сега хит ми се ризото со лигњи, пица од киноа и здрава чоколадна торта без брашно и шеќер, која сите што ја пробале ја обожаваат – рече Сања во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....