6.8 C
Скопје
02:28 - 31 март, 2026

Роуан Аткинсон е најинтелигентниот актер во светот, но не му оди во љубовта

Роуан Аткинсон е на листата на најинтелигентни светски ѕвезди. Неговото образование навестуваше дека ќе се занимава со нешто друго освен со глума, но одлучи неговата љубов кон филмот и театарот. Стана едно од највпечатливите лица на светската кинематографија.

Тој се впушти во светот на глумата откако магистрираше електротехника на Оксфорд, а бројни извори наведуваат дека неговиот коефициент на интелигенција е 178.

Во приватниот живот се издвојува бракот со Сунетра Састри, кој траеше од 1990 до 2015 година и заврши многу бурно.

Поранешните сопружници се запознале на телевизијата Би-Би-Си, каде Сунетра работела како шминкерка. Аферата што ја имаше славниот Мистер Бин со актерката Луиз Форд (41) им го уништи бракот. Како што напиша британски Сан, првата сопруга на актерот исклучително тешко го презеде ова предавство.

Разводот беше направен брзо, а како причина беше наведено неразумното однесување на Аткинсон. На се се надоврза и одлуката на ќерката на актерот Лили да се откаже од татковото и да го земе презимето на мајка си, што многумина го протолкуваа како нејзина реакција на прељубата што ја направи познатиот актер.

На ваков потег не се одлучил синот Бенџамин Аткинсон.

Роуан Аткинсон остана во врска со Луиз и често можат да се видат во Лондон, како уживаат во прошетка со нивната ќерка Исла, која се роди во 2017 година, пренесува Б92.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....