9.8 C
Скопје
20:44 - 16 март, 2026

„Робот никогаш нема да игра како мене под шатор“: Рада Манојловиќ не се плаши од вештачката интелигенција!

Рада Манојловиќ

Рада Манојловиќ истакнува дека емоцијата и харизмата во пеењето не можат да бидат заменети со вештачка интелигенција. Таа е сигурна дека емоцијата преку песна може да ја пренесе само личност од крв и месо, но вели дека би ја искористила вештачката интелигенција за да ѝ ја чисти куќата и да ѝ го храни бебето.

Екипата на „Блиц“ разговараше со Рада Манојловиќ за вештачката интелигенција, која презеде примат во многу професии. Иако би сакала да има некој да ја замени, таа е скептична.

„Камо среќа… Се шегувам, тешко дека вештачката интелигенција може да ги замени пејачите, но ако може во иднина да заврши нешто друго и да ми ја олесни работата, немам ништо против. Сè уште се потпирам на природната интелигенција, што значи дека останувам старомодна“, вели Рада, на која ѝ укажавме дека многу пејачи во странство направиле спотови за песни со помош на оваа програма за да заштедат време.

„Да бидам искрена, не сум обожавател на снимањето спотови, па немам ништо против некој друг да го направи тоа наместо мене, или без мене. Но, сметам дека сепак морам да се појавам некаде и да доминирам, затоа што луѓето сакаат да видат очи и душа во нив, за да поверуваат во тоа што го пееме, смета пејачката која сака да има интеракција со публиката и учествува во секој сегмент од својата кариера“, вели таа.

За користењето на вештачката интелигенција за потребите на создавањето песна, од текст преку композиција до вокали, од искуство вели дека патот е долг и дека не е само работата во тоа да се направи сингл, туку да се погоди хит.

„Песната може да настане за десетина минути, кога на некого ќе му дојде инспирација, но хитот тешко се создава и тешко се наоѓа! Затоа секогаш треба да има што повеќе талентирани композитори и текстописци“, смета Манојловиќ.

Денес луѓето многу работи прашуваат за совет на Чат Џи-пи-ти. Новинарите од „Блиц“ ја прашаа дали бара љубовни совети од него.

„За љубовни совети не прашувам ни луѓе, а камоли роботи, тука се прашувам само себеси. Немам нешто посебно да го прашам бидејќи и онака сè знам. Единствено би го прашувала за историјата и за Бога, но да не лаже. Да видиме кога навистина сè настанало и што всушност се случувало во минатото, дали историјата ја пишуваат победниците, бидејќи сигурна сум дека има многу работи што не ги знаеме и ги учиме погрешно. Исто така, и што се случува во универзумот, на Марс или нешто такво што ме интересира надвор од мојата работа и светот во кој функционирам“, вели Рада, која слушнала дека луѓето бараат разни совети и дека комуникацијата со вештачката интелигенција им служи како психотерапевт.

Сепак, да ја замени на настап или да игра на маса, тука, вели, нема рамна.

„Камо среќа, но се сомневам во тоа! Ќе се раштимаше за еден месец, се шегувам, но за на сцена треба енергија, харизма, љубов, а се сомневам дека тоа робот би можел да ѝ го даде на публиката“.

Сепак, би му нашла намена.

„Да се буди ноќе за да го нахрани бебето кога ќе го имам. Шегата на страна, би бил добар да ја чисти куќата, да средува, да го изнесува ѓубрето, да го готви ручекот, да дава интервјуа наместо мене, но и да оди на настапи кога сум болна. Има работа кој сака да работи“.

Слични објави

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

(Фото) Ова е последната фотографија од Ксенија Пајчин! 48 часа пред смртта била со овој маж, се снимале во автомобилот

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Тоа остави трага врз неговото здравје“: Соседите проговорија за Ѓани откако имаше операција на срце

Еспресо

(Видео) Рале не се откажува од лошите навики, пред операцијата на срцето „уловен“ како пуши и наздравува со алкохол

Еспресо
Се вчитува....