18:17 - 7 април, 2026

Роби Вилијамс открива дека страда од ментална болест: Борбата е реална, а тагата шокантна

Роби Вилијамс на Инстаграм напиша дека боледува од дисморфофобија, нарушување на перцепцијата на сопственото тело.

Се опишува како „неконтролиран страв од грдотија и личен впечаток на личноста дека некој дел од телото му е грд или деформиран“.

-Би можел да напишам книга за чистиот самопрезир кога е во прашање сликата за моето тело. Страдам од дисморфофобија, можете да замислите што гледа мојата психа. Можеби не можете. Во секој случај, тоа е страшна катастрофа. Во моментов сум слаб, но таков каков што сум, си мислам: „Одлично, Роб, успеа да ослабеш и сега си стар.“ Борбата е вистинска, тагата шокантна. Ги имам цел живот. И нема да попушти“, напиша пејачот на Инстаграм, обидувајќи се да им објасни на своите обожаватели со какво растројство се бори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams)

-Прифаќањето на себеси понекогаш изгледа тешко и невозможно. Како и да е, не сакам никакви комплименти. И ако некој друг ги препознае во зборовите што ги напишав, можеби тоа ќе ни помогне и на двајцата, додаде тој.

Многу фанови на Вилијамс во коментарите го поддржаа, а повеќето искажаа жал што се чувствува вака.

 

 

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....