21:00 - 2 април, 2026

Роберт Дауни Џуниор платил шестмесечна рехабилитација за својот колега Арми Хамер, „му треба рехабилитација и работа“ по бројните скандали со зависности

Роберт Дауни Џуниор му помогнал на неговиот колега – глумецот Арми Хамер во еден од најтешките периоди во неговиот живот.

Имено, Дауни Џуниор платил за рехабилитација на Хамер откако актерот доживеал проблеми со дрога, алкохол и зависност од секс. Дауни никогаш не криел дека му било тешко кога и тој се соочувал со слични проблеми.

Всушност, ѕвездата на Avengers: Endgame беше апсена неколку пати под обвиненија поврзани со дрога во доцните 1990-ти и раните 2000-ти. Актерот секогаш отворено зборувал за својата борба против зависноста пред да стане „чист“ во 2002 година.

Според написот објавен во Венити Фер,  извор близок до Хамер изјавил дека ѕвездата на Marvel, Роберт Дауни Џуниор, платил шестмесечен престој за Арми Хамер во рехабилитационен центар на Флорида.

Центарот е опишан како „засолниште за мажи и жени кои се борат со самоповредувачко однесување предизвикано од трауматски животни настани и други основни проблеми“.

Неодамна, името на актерот стана дел од насловните страници откако корисници на Твитер открија дека тој работи на Кајманските Острови како консиерж во хотел. Претставник на Хамер сепак ја демантираше веста. Во последниве денови, извор откри за „Variety“ дека Хамер всушност работи на островот и продава акции. И минатата година во јули Хамер беше главна вест во медиумите со скандалите со зависности од дрога, алкохол и секс.

На Хамер кој е „скршен“ од сите настани кои му се случуваа во последно време, сериозно му  треба рехабилитација, но и работа.

 

Слични објави

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо
Се вчитува....