6.8 C
Скопје
05:36 - 31 март, 2026

Ретка семејна слика: Пораснаа децата на Живкица

Ретка слика од целото семејство објави Живкица Каленикова на која се гледа колку пораснале нејзините три деца.

На сликата до празничната трпеза, познатата водителка е со сопругот Зоран и децата: ќерката Ана и синовите Даријан и Марко. Таа е позната како добра домаќинка, а во една прилика на таа тема зборуваше за „Слободен печат“.

Фото/Инстаграм

-Сакам убава храна, сакам убаво да си јадеме, сакам да им зготвам на децата, така ми останало од мајка ми. Најубав комплимент ми е кога ќе влезат дома и кога ќе кажат: „Мириса како кај Нанче – кај мајка ми“. Тоа ми е најубавото нешто кога ќе го слушнам- рече Живкица.

Правам преубаво оривче во тавче, она „најбапското“, она што од мајка ми сум го научила како рецепт, растурена сарма, што и јас многу ја сакам, полнетите пиперки што ги обожаваат децата – и јас ги сакам, компир манџа.

Зборувам за оние традиционални јадења. Она што уште не можам да го изучам е да ги направам јуфките онака како мајка ми – домашни таљатели, а знам и да месам. Така што, тоа се моменти што ги сакам и ги негувам и денес- рече Живкица.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....