03:56 - 6 април, 2026

„Ренди Мајснер беше најдобриот човек во музичкиот бизнис“ – почина славниот басист и основач на Eagles

Ренди Мајснер, басистот и основач на Eagles, почина на 78-годишна возраст, објави бендот. Мајснер почина во средата во Лос Анџелес од компликации од хронична опструктивна белодробна болест.

Дон Фелдер, поранешен колега од бендот, го нарече Мајснер „најдобриот човек во музичкиот бизнис“. Тој го формираше бендот со Дон Хенли, Глен Фреј и Берни Лидон.

„Ренди беше составен дел од Eagles и клуч за раниот успех на бендот“. Неговиот вокален опсег беше неверојатен, што може да се види на препознатливата балада Take It to the Limit“, објавија членовите на бендот.

Мајснер беше во бендот за време на снимањето на некои од најпопуларните песни и албуми, завршувајќи со албумот Hotel California во 1976 година.

Потоа го напушти бендот поради болест и носталгија, а после тоа никогаш не ја постигна истата популарност како соло изведувач, и покрај хитовите Hearts on Fire и Deep Inside My Heart.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....