11.8 C
Скопје
11:50 - 28 октомври, 2026

Рада Манојловиќ: „Мислев дека е битно пеењето, но Снежана Ѓуришиќ ме соочи со реланоста“

Пејачката Рада Манојловиќ со години е позната по тоа што го негува природниот изглед и е една од ретките естрадни ѕвезди кои не подлегнаа на естетски корекции. Сепак, единствената работа што ја промени на себе од почетокот на кариерата се нејзините заби, а како што самата призна, на тој чекор се одлучила по жестоките критики од постарата колешка Снежана Ѓуришиќ.

За време на нејзините први појавувања во „Ѕвездите на Гранд“, Рада верувала дека е дојдена исклучиво да пее, но суровиот коментар на Ѓуришиќ брзо ја соочил со естрадната реалност:

„Кога се појавив на сцената, мислев дека е битно само пеењето. Но, Снежа тогаш ми рече дека мора да ги поправам забите, дека здолништето ми е прекратко и дека сум вулгарно облечена… Меѓутоа, ништо не чинеше. Таа има сини, опасни очи како лисица — кога ќе те погледне, се смрзнуваш и се плашиш. Делува строго, но всушност е добра душа.“

Прифаќајќи ги сугестиите, Манојловиќ ја среди својата насмевка и призна дека претходно забите наистина ѝ изгледале лошо на ТВ-екраните. Пејачката истакна дека и покрај тоа што медиумите со години ѝ наоѓале мани, сугерирајќи ѝ да ги зголеми градите или да го среди носот, таа одбила дополнителни корекции бидејќи мажите никогаш немале замерки за нејзиниот изглед.

Слични објави

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо
Се вчитува....