25.8 C
Скопје
16:40 - 7 октомври, 2026

(Фото) Македонскиот мистер Октај Сејди изгледа како бог – покриен само со чаршаф позира во Тајланд

Октај Сејди веќе ја почувствува атмосферата на „Мистер Интернешнал 2026“, а судејќи според фотографиите што ги споделува на социјалните мрежи, престојот во Тајланд ќе го памети по бројните фотосесии, новите познанства и забавите со останатите кандидати.

Македонскиот претставник моментално престојува во Пукет, каде што учесниците на меѓународниот избор имаат исполнета програма пред големото финале, кое ќе се одржи на 26 септември во Бангкок.

Сејди објави серија фотографии со кои покажа дел од атмосферата во Пукет – сончеви денови на плажа, дружења со останатите кандидати, фотосесии и вечерни излегувања.

На една од фотографиите Октај позира со голо торзо и бел чаршаф обвиткан околу половината, во издание кое потсетува на приказите на античките грчки богови.

Не изостанаа ниту фотографиите од плажа, каде што тој и останатите учесници ги покажаа своите извајани тела, како и кадрите од заедничките вечерни забави.

„Тајланд, Пукет и Мистер Интернешнал. Толку многу убави моменти, незаборавни спомени и прекрасни фотосесии и луди ноќи полни со забава.

Едвај чекам да видам што е следно“, напиша Октај во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ok! Oktaj Sejdi (@oktaysey)

Октај Сејди, кој е познат како фризер и шминкер, а последниве години е активен и како моден и травел инфлуенсер, годинава беше избран за Мистер на Македонија. Во Тајланд отпатува на 11 септември за да ја претставува земјава на меѓународниот избор.

Во деновите пред финалето кандидатите учествуваат во низа официјални активности, снимања, фотосесии и претставувања. Програмата во Пукет вклучува и градска тура, ноќна трка и натпревар во костими за капење.

Големото финале на 18. издание на „Мистер Интернешнал“ е закажано за 26 септември во Бангкок, кога ќе биде избран наследникот на актуелниот победник Кирк Бондад од Филипини.

Слични објави

Ѝ украле куп пари, а син ѝ ја спасил од дното — пејачката Деси Слава банкротирала откако била измамена

E.A.

(Видео) „Доаѓаш во Пекинг како турист, а потоа се сретнуваш со Ноле“: Кнез ќе заплачеше од среќа кога се поздрави со српскиот тенисер

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Билјана Дебарлиева со фотографија од 2019 покажа колку малку се променила последниве седум години

Еспресо

Една година од смртта на Халид Бешлиќ: Останаа хитовите што ги спојуваат генерациите и спомените за неговата човечност

Еспресо

Ново во Волково: Brasilia Wax Studio – место за депилација, масажа и време посветено само на вас

Еспресо
Се вчитува....