Ландо Норис и Маргарита Корсеиро ја прекинаа својата врска кратко откако 26-годишниот Британец ја освои титулата светски шампион во Формула 1.
Веста за раскинувањето случајно беше откриена за време на разговор со колегата возач Карлос Саинц Јуниор.
Имено, на Тикток снимка направена за време на претсезонските тестирања во Бахреин може да се слушне како Карлос Саинц Јуниор го прашува Норис: „Дали ти и Маги сте добро?“, на што возачот на Мекларен кратко одговара негативно, додавајќи дека сега е „слободен маж“. Притоа Саинц изгледа видно изненаден.
Норис и 23-годишната португалска актерка и модел ја започнаа врската во 2023 година. Иако накратко се разделија во 2024 година, повторно ја обновија врската минатата година. Корсеиро често присуствуваше на трките во Формула 1 и му даваше поддршка на Норис на патот до неговата прва титула светски шампион.

Двојката заедно го прослави неговиот голем успех на Големата награда на Абу Даби 2025, каде што Норис со третото место ја обезбеди шампионската титула.
Според извори блиски до парот, знаци на разделување се појавиле уште порано.
„Се оддалечија по неговата победа минатата сезона“, рекол изворот, додавајќи дека гласините за раскинување дополнително се засилиле откако Маргарита не била присутна на прославата што Норис ја организирал со тимот како благодарност до сите што му помогнале да ја освои титулата.
Интересно е што Корсеиро неодамна сепак реагираше на објавата на Норис на Инстаграм. Возачот сподели фотографии од зимски одмор со опис: „Го оставив овој нацрт во замрзнувачот“, а таа во коментар напиша: „Убава пижама, нема на што.“
Корсеиро претходно беше во врска со португалскиот фудбалер Жоао Феликс, од 2019 до 2023 година.
View this post on Instagram

