15:48 - 5 декември, 2025

„Првпат гледам вакво нешто и малку е страшно“ – Харисон Форд за вештачката интелигенција и подмладувањето

Актерот Харисон Форд (80) последен пат ќе го глуми легендарниот авантурист археолог во новиот, воедно и последен филм од сагата.

Насловот на претстојниот филм е Indiana Jones and the Dial of Destiny („Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“), а Форд го подмладиле цели 44 години за потребите на филмот.

На почетокот на филмот тој ќе се појави како 40-годишник, кој се бори против нацистите некаде околу 1940 година.

Имено, 25 минути од филмот актерот дигитално е подмладен за да може да го глуми Инди од времето на првиот дел од сагата.

Форд морало да изгледа како да има 35 години и да ги сними сите сцени како да е 44 години помлад, а дополнително лицето му било подмладено за да одговара на времето во кое се случува сцената.

„Форд е неверојатно талентиран и агилен и тоа му олесни да ги одглуми сите сцени. Технологијата вклучена во процесот на снимање е сосема друга работа“, рекол режисерот на филмот Џејмс Манголд, пренесува „Вараети“.

„Имавме куп снимки од него во крупен кадар, среден, широк, при јако и слабо осветление… Еден ден снимавме 79-годишен Форд како глуми 35-годишен Инди и два дена подоцна неговото лице беше сосема поинакво и дигитално подмладено“, вели режисерот.

Претходно, Форд откри дека била користена вештачка интелигенција за снимање на сцените во кои е подмладен и дека неговото дигитално лице е, всушност, преземено од архивски снимки достапни на „Лукас филм“.

„Ја имаат оваа програма за вештачка интелигенција, која може да го анализира секој детаљ од секој филм што го поседува „Лукас филм“. По снимањето многу филмови за нив, имаат многу материјал со моето лице. Не знам точно како го прават тоа, но она што ќе го видите во „Индијана“ е моето вистинско лице. Ми ставаат некакви точки на лицето, кажувам зборови и потоа прават нешто фантастично“, рекол Форд, но на крајот заклучил дека сето тоа е малку застрашувачки.

„Првпат гледам вакво нешто и малку е страшно. Всушност, не сакам да знам како функционира, но функционира. Меѓутоа, оваа технологија не ми буди желба да бидам повторно млад. Мило ми е што сум во годините во кои сум“, изјави Форд за „Емпајр“.

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....